logo
logo
logo

ДЕНЕСКА 12 ПАЦИЕНТИ СИ ОДАТ ДОМА, уште 27 се лекуваат во Македонија, 115 во странство

Vecer | 25.03.2025

ДЕНЕСКА 12 ПАЦИЕНТИ СИ ОДАТ ДОМА, уште 27 се лекуваат во Македонија, 115 во странство

Во клиниките во Скопје се лекуваат 39 пациенти кои со повреди се здобиле во ужасот во Кочани. Од нив, 12 се во клинички центар, 10 во стара Градска болница, 10 пациенти во „8-ми Септември“, а во приватните клиники 7 пациенти.

-Добрата вест е што денеска се испишуваат 12 пациенти и практично ќе останат 27 пациенти кои се лекуваат во болниците во Скопје. Во странство се лекуваат 115 пациенти. Добра вест е што најверојатно едниот пациент денес се враќа од Белград на понатамошно лекување во Скопје. Пациентот е во добра општа состојба, ќе биде направена тријажа и ќе биде сместен на клиника, рече Таравари.

Министерот информираше дека кај 4-5 пациенти кои се лекуваат во странство состојбата е посериозна. Некаде имало и влошување, но докторите го даваат максимумот за да помине овој тежок период.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk