Државниот секретар на САД во времето на Џорџ Буш, Џејмс Бејкер, имал главна негативна улога во спречување на европско и меѓународно признавање на Македонија во 1992 година, се обелоденува во 257 страници декласифициран материјал на австралиското министерство за надворешни работи.
Голем број европски земји станале нетрпеливи околу бескрајните грчки забелешки и биле на раб да ја признаат Македонија, но писмо на Џејмс Бејкер го стопира тоа.
Тогашниот шеф на грчката дипломатија Антонис Самарас бил благодарен за американската интервенција.

Американскиот државен секретар Џејмс Бејкер одигра водечка спојлер улога во спречувањето на Македонија да се здобие со меѓународно признавање и од Европската унија откако таа прогласи независност од Југославија во 1991 година, стои во новото декласифицираното досие на министерството за надворешни работи на Австралија од 1992 година на повеќе од 250 страници.
Американскиот државен секретар е министер за надворешни работи на Америка.
Бејкер, дел од администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш, одговори на притисокот од Грција, која остро се спротивстави Македонија да биде признаена под нејзиното уставно име.
Бејкер напиша писмо во кое повикува Македонија да не се признава, иако ги исполнуваше сите критериуми на ЕУ (тогаш Европската заедница - ЕК) за признавање како независна држава.
Голем број земји на ЕУ беа нетрпеливи и огорчени од однесувањето на Грција и беа на работ да ја признаат Македонија кога писмото на Бејкер стави крај на тоа. Тогашниот грчки министер за надворешни работи Самарас им се заблагодари на САД за интервенцијата.
Други интересни забелешки од австралиските дипломати за Македонија, вклучуваат скептицизам за албанските националистички тврдења за недостаток на човекови права во Македонија (страници 81-82). Еден дипломат го нарече црвена харинга.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата