Шест лиценци за производство на марихуана се одземени со одлука на Владата, дознава Скопје1. Одлуката е донесена на денешната седница која сè уште е во тек.
Според неофицијални информации една од одземените лиценци е од фабрика од која претходно беше запленета марихуана во рамки на акцијата во која беа одземени 40 тона.
Одлуката на Владата е донесена по проверките кои ги направило Министерството за здравство. Министерот доби овластување да провери дали се почитувани законските прописи за одгледување на марихуаната, но и нејзиниот квалитет.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата