logo
logo
logo

Апасиев и Мециновиќ глумат чесност пред граѓаните, а во својот џеб ги ставаат нивните пари

Vecer | 15.09.2025

Апасиев и Мециновиќ глумат чесност пред граѓаните, а во својот џеб ги ставаат нивните пари

Дволичноста на лицата од Левица веќе е на виделина – лицата како Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ кои постојано зборуваат за чесност, грижа за граѓаните се покажа дека се една голема лага, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Апасиев и Мециновиќ практично глумат едно пред јавноста, друго како приватни лица. Па така, Апасиев и Мециновиќ си земале од партиските пари на Левица за лични потреби, а тие пари пак се на народот. Само во периодот од 2021 година до денес се послужиле или во џеб ставиле околу милион денари. Само за оваа година 2025 година, Мециновиќ кој е пратеник во Собранието од Левица, земал околу 200 илјади денари. Со вакво однесување Апасиев и Мециновиќ покажуваат само колку се дволични и колку не им е грижа за граѓаните, со други зборови глумат наивни лица загрижени за народот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Едно е јасно, се додава, раководството на Левица, Апасиев и Мециновиќ, пред граѓаните глумат фалш скромници, а зад грб само ги ставаат во својот џеб нивните пари.

„Секој ден се покажува дека лицата од Левица се демагози – само лажно ветуваат и манипулираат за да го придобијат народот, а воедно се и тешки лицемери – едно се нивните јавно кажани зборови, а нивните приватни постапки се сосема нешто друго“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk