logo
logo
logo

Се планира дел од кредитот да биде за ИЗГРАДБА НА ХИДРОЦЕНТРАЛАТА ЧЕБРЕН ГАЛИШТЕ, над 20 години се чека на ова

Vecer | 24.06.2025

Се планира дел од кредитот да биде за ИЗГРАДБА НА ХИДРОЦЕНТРАЛАТА ЧЕБРЕН ГАЛИШТЕ, над 20 години се чека на ова

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за МРТВ „Една година Влада“ одговараше на прашања на уредници од националните телевизии на многу прашања од интерес за јавноста и, за прв пат, јавно конкретно спомна и опција за изградба на хидроцентралата Чебрен, во рамки на проектите од кредитот за кој гарантира Велика Британија, проект кој Македонија го чека околу 20 години и кој, за малку, владата на СДСМ и ДУИ ќе го дадеше во рацете на грчки инвеститор во негова сопственост и владение

Истакна дека со договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство се обезбедуваат стратешки инвестиции за идните генерации како што се изградбата на брза железница, болници, но се разговара и за изградба на Чебрен и Галиште кои се од големо значење од повеќе аспекти.

Со пруга каде карго воз ќе движи со просечно 110 километри на час, ќе се зголеми бројот на композиции кои ќе транзитираат, а со проширениот капацитет на пристаништето во Грција и брзата пруга ќе се зголеми и бројот на композиции кои дневно ќе транзитираат. Сето тоа во одредена мера ќе доведе до десеткратно зголемување на приходите. Ова не е калкулација која ја правевме затоа што така ни текнало, седнавме со експерти со кои го сработивме во делот на транспорт и превоз. Ова е таа економска оправданост зошто така размислувавме и ова е стратегија“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека Обединетото Кралство доаѓа на Балканот преку нас, а ние сме земја која не излегува на море, но имаме геостратешко значење бидејќи сме раскрсница на три европски коридори, два директно и еден посредно тоа е Коридор 11 или Струма коридор од Егејско море до балтичките земји и тоа ни дава на тежина и ние го користиме сето тоа и затоа се одлучивме на овој проект и сме убедени дека е проект за идните генерации.

Што се однесува со резервоарите за вода, премиерот Мицкоски посочи дека се преговара да дел од средствата се употребат за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште.

Пресметуваме внатрешна стапка на поврат на колкав временски период ни е потребно да ги искористиме овие средства за на крајот од денот имаме профит. Ова се стратешки проекти за идните генерации, два резервоари за вода, но не само за пиење, туку и за наводнување за Тиквешкиот регион кој произведува прекрасно грозје и вино, што е одлична прилика за добар туризам промоција на македонска кујна и вино. Морате да размислувате стратешки ако сакате да правите големи крупни чекори. Размислувавме стратешки и имаме 21,1% раст на туризмот во овие 4 месеци споредено со лани тие 4 месеци“, изјави премиерот Мицкоски.

Во однос на темата задолжување со договорот, премиерот Мицкоски појасни дека ништо не е задолжена Македонија и ако ги гледате податоците долгот е намален, а ниту ќе се задолжи.

Теоретски утре да почнеме да градиме првата фактура ќе стигне 2027 година, колку брзо ќе градиме и ефикасно така ќе расте нашиот бруто домашен производ, во градежништвото барем три пати се вртат парите, расте градежништво, расте индустриско производство, растат услуги итн. Како ќе расте нашиот БДП така ќе се повлекуваат средствата, нема да ги повлечеме да стојат на сметка и да кренеме долгот без да го креваме БДП. Ве уверувам дека ќе имаме намалување на долгот. Се е на транспарентен начин, а Обединетото Кралство ни гарантираат со нивниот кредитен рејтинг“, изјави премиерот Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk