logo
logo
logo

Средба Муцунски и Рубио во Брисел: „СЛЕДУВААТ МНОГУ ЗАЕДНИЧКИ ИНИЦИЈАТИВИ“

Vecer | 03.04.2025

Средба Муцунски и Рубио во Брисел: „СЛЕДУВААТ МНОГУ ЗАЕДНИЧКИ ИНИЦИЈАТИВИ“

Актуелните прашања од заеднички интерес за Скопје и Вашингтон и соработката меѓу двете земји, како на билатерално ниво, така и во рамките на НАТО, беа теми на денешната средба на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со американскиот државен секретар Марко Рубио на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата во Брисел. 

Во објава на социјалните мрежи, министерот Муцунски наведе дека имал „кратка, но многу продуктивна средба“ со Рубио, која е прва од неодамнешното именување на американскиот државен секретар на функцијата.  

Се согласивме за важноста од натамошно интензивирање на политичкиот дијалог на високо ниво. Следуваат многу заеднички иницијативи, наведе Муцунски во објавата. 

Муцунски денеска и утре учествува на министерскиот состанок на НАТО во Брисел на кој главни теми се приоритетните безбедносни предизвици, поддршката и перспективите за Украина, зајакнувањето на партнерствата и одбранбените капацитети и подготовките за јунскиот Самит на НАТО во Хаг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk