logo
logo
logo

РЕЗИДЕНТИ СЕ САМО ТИЕ ШТО СЕ ПОПИШАНИ „ЛИЦЕ В ЛИЦЕ“, нагласи премиерот Мицкоски

Vecer | 30.04.2026

 РЕЗИДЕНТИ СЕ САМО ТИЕ ШТО СЕ ПОПИШАНИ „ЛИЦЕ В ЛИЦЕ“, нагласи премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски упати јасна порака во врска со даночната дисциплина и статистичкото дефинирање на населението во државата. Одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, тој децидно истакна дека додека оваа Влада ја води државата, ред мора да се воспостави и сите граѓани ќе мора да ги подмируваат своите даночни обврски кон државната каса.

Фокусот на неговото излагање беше појаснувањето на разликата помеѓу резидентното и нерезидентното население, прашање кое често предизвикува дебати при распределбата на буџетските средства по општините.

„Се повикувате точно на одлуката на Уставниот суд, ама не сте ја прочитале. Точно, Уставниот суд вели дека не треба да има поделба на резидентно и нерезидентно население, туку во попис на статистиката е само оној што ќе се попише лице в лице“, потенцираше Мицкоски.

Според премиерот, нелогично е да се бара распределба на средства за лица кои физички не живеат во општините во Македонија. Тој појасни дека нерезидентите, по дефиниција, не ја користат локалната инфраструктура и услуги на дневно ниво, па оттука и статистичкиот и даночниот третман мора да биде соодветен на реалната состојба на теренот.

„Ред мора да се воспостави. Сите граѓани ќе плаќаат данок и законот ќе важи за сите еднакво“, заклучи Мицкоски, нагласувајќи дека воведувањето системски поредок е единствениот начин за правилен развој на државата и општините.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk