logo
logo
logo

Кога говориме за Гоце Делчев, ние зборуваме за државноста и она што во иднина следи

Vecer | 04.05.2026

Кога говориме за Гоце Делчев, ние зборуваме за државноста и она што во иднина следи

„Кога говориме на темата за Гоце Делчев, ние зборуваме за државноста и зборуваме за она што во иднина следи. Државите се градат со многу битки, многу борби, војни, крв и жртви. Гоце Делчев е една од жртвите во македонската историја којшто загинал за тоа што го идеализирал и размислувал. Гоце Делчев во сите свои постапки, дела, работа и писанија што ги има за него е истакнато дека работел за самостојна, за автономна, за независна Македонија, и загинал за таа идеја“, истакна Ѓорѓија Сајкоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина на тема „Наследството на Гоце Делчев низ политичката призма за Македонија“, по повод одбележување на 123 години од загинувањето на македонскиот великан, Гоце Делчев.

Ѓорѓија Сајкоски посочи дека кога говориме за Гоце Делчев, говориме за државноста на Македонија и испрати порака да работиме во насока да ги почитуваме нашите борци кои дале значаен придонес за автономна и независна Македонија и да продолжиме да работиме за развиена држава со која што ќе се гордеат идните генерации.

„Да работиме во насока да ги почитуваме нашите борци, нашите жртви, за слобода, за автономија, за Македонија, коишто дале значаен придонес, и да работиме како тие што работеле во минатото. Тие работеле за идеја, за независност, за посебност, за самостојност, а ние да работиме за развиена држава, да работиме за држава економски моќна, да работиме за држава инфраструктурно поврзана и да работиме за држава со која што ќе се гордеат идните генерации и ќе зборуваат исто како ние денес што зборуваме за нашите предци“, рече Сајкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk