logo
logo
logo

Данела Арсовска отпушта 100 луѓе од ЈП Водовод – почнува реваншизмот!

Vecer | 15.09.2022

Данела Арсовска отпушта 100 луѓе од ЈП Водовод – почнува реваншизмот!

Околу 100 вработени во ЈП Водовод остануваат на улица, затоа што градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не сака да им ги продолжи договорите кои им истекуваат утре - дознава Радио Лидер. Ваквата одлука на Арсовска, доаѓа откако таа го разреши директорот на ЈП Водовод од ВМРО-ДПМНЕ, Златко Перински затоа што не постапил по нејзиното барање да влијае на тендерот од на тендерот од над сто милиони евра за изградба на пречистителна станица во Скопје. Станицата е финансирана со европски пари, па вчера Перински доби поддршка од Европската Инвестициска Банка. Потегот на Арсовска да не ги продолжи договорите на вработените, во кулуарите на компанијата го коментираат како реваншизам.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk