logo
logo
logo

Стоилковски:

„Дали МВР заради ДУИ, премолчува ВМЕШАНОСТ на Ариф Асани во ПУКАЊЕ ВО ЧАИР?“

Vecer | 25.05.2022

„Дали МВР заради ДУИ, премолчува ВМЕШАНОСТ на Ариф Асани во ПУКАЊЕ ВО ЧАИР?“

Наместо гарант за безбедност, МВР на СДСМ/ДУИ е извор на криминал и пресметки со огнено оружје среде Скопје! МВР на СДСМ/ДУИ молчи и не открива дали е точна вмешаноста на заменикот - директор на Бирото за јавна безбедност Ариф Асани во престрелка меѓу полициски службеници со функции. Дали МВР премолчува факти и крие самоволие коешто доведува животи во опасност само и само да опстои коалицијата на СДСМ со ДУИ, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека МВР на СДСМ/ДУИ молчи дали и дали е можно да дозволи лице да има физички контакт со полициски службеници, да пука пред полицајци поради контрола на автомобил, и тој што пукал да пуштен со асистенција на заменикот - директор на БЈБ.

- И сето тоа да се случува пред ресторан, околу 20 часот, среде булевар, при голема фрекфентност од луѓе? Наместо извор и гарант за безбедност на граѓаните, МВР стана извор на небезбедност! Луѓе сведочат како среде булевар, човек пука во присуство на полиција заради контрола на возило, а потоа е пуштен заради можна интервенција на Ариф Асани вториот човек задолжен за јавна безбедност?! – додаде тој.

Според него МВР на СДСМ/ДУИ не кажува дали се точни информациите во медиумите, и со тоа поттикнува неказнивост за криминогено однесување и со тоа сее страв кај граѓаните, само и само да опстои власта на СДСМ.

https://www.youtube.com/watch?v=isRuTL0qVgQ

- МВР на СДСМ/ДУИ е извор на криминогени и мафијашки скандали, нивни началници партиски војници се фаќани како учествуваат во нелегална трговија и транспорт на дрога, нивни партиски пулени во полициска униформа влегуваат во престрелки со полиција при шверц на акцизни стоки, МВР на СДСМ/ДУИ е во сите светски извештаи како извор на пасоши за белосветски криминалци, рече Стоилковски.

Тој прашува Колку жртви треба да паднат како резултат на државно заштитуваниот криминал за Оливер Спасовски, СДСМ и ДУИ да останат на власт?

- Неказнивоста на криминогеноста заради партиската припадност на СДСМ и на ДУИ е неподнослива. Премногу е! – истакна Стоилковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk