Артан Груби мора да каже дали е точно дека однапред е договорено кои три коцкарски фирми ќе влезат во Македонија? Дали однапред е договорено да бидат две од Бугарија и една од Косово? Дали Артан Груби е ангажиран за влез на две бугарски и една косовска коцкарница да ги земат новите три лиценци со негов потпис во Македонија? – прашува Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој прашува и дали и колку тој ангажман чини и дали една од двете бугарски фирми е поврзана со Васил Божков Черепот, со мафијашките бизниси и со фирми од црната листа на САД?
- Дали Ковачевски знае и одобрува евентуални ангажмани на Груби со кои Македонија станува држава на коцката? Дали Ковачевски знае за улогата на Васил Божков Черепот при носење на закони? – вели тој.
Стоилковски истакна дека Груби од позиција вицепремиер доделена од СДС, го заобиколува законот за коцкање, а откако скандалот изби во јавноста, и по паниката на неговиот пулен директор на Лотарија, сега се турка закон за коцкање, СО ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ, а во кој повторно нема ништо европско, ниту референца на што се повикува!
- Две недели криминалната власт молчеше, Лотарија молчеше за огласот, а сега се турка закон во Собранието. Одговорност за криминалот и за претворање на Македонија во земја на мафијата, криминалот и коцката ќе има, рече Стоилковски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата