logo
logo
logo

Дали додека Заев гради згради во Дубаи,ФИЛИПЧЕ МУ ЈА ЧУВА ФОТЕЛЈАТА ВО СДСМ?

Vecer | 23.04.2025

Дали додека Заев гради згради во Дубаи,ФИЛИПЧЕ МУ ЈА ЧУВА ФОТЕЛЈАТА ВО СДСМ?

И по неколку дена сè уште молк од СДС дали Филипче исто како и Заев поседува златна виза во Дубаи и на кој начин ја стекнале истата. Дали Зоран Заев како инвеститор доби златна виза во Дубаи а со тоа и долгогодишен престој? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали Заев има отворено фирма во Дубаи и дали тоа е начинот на кој за себе и фамилијата си обезбеди живот во Дубаи?

Дали додека Заев гради згради од 50 спрата во Дубаи, Венко Филипче му ја чува фотелјата во СДС?

Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи?

Колку милиони евра однесе Заев и Филипче во Дубаи и од каде им се средствата? Дали тоа се средства од провизии и профит стекнат на криминален начин за време на ковид кризата?

Колку милиони спечалени врз грбот на народот и на штета на државната каса проневери и префрли овој тандем во Дубаи? Јавноста заслужува одговори на овие прашања.

Кланот Заеви во тандем со Филипче ја уништија и уназадија државата за свои лукративни причини додека го осиромашуваа народот.

СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk