logo
logo
logo

МОН: Над 25.000 слободни места за идните средношколци – најмногу во стручното образование

Vecer | 01.04.2026

МОН: Над 25.000 слободни места за идните средношколци – најмногу во стручното образование

Министерството за образование и наука го објави конкурсот за упис во средни училишта во учебната 2026/2027 година.

Со конкурсот се предвидени над 25.000 слободни места во сите 109 јавни средни училишта во државата. Од нив, повеќе од 17.000 се во стручното образование, речиси 6.000 во гимназиското и 570 слободни места во уметничкото образование.

Учениците ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата во кои ќе конкурираат ќе ја доставуваат потребната документација.

Во јунскиот уписен рок ќе има две пријавувања – првото од 12 до 15 јуни и второто на 23 јуни. Во августовскиот уписен рок ќе има едно пријавување – на 20 август.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk