Потпретседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Весна Бендевска гостуваше во емисијата „За или против“ на телевизија „Алфа“.
На констатацијата од новинарот дека Движењето ЗНАМ е трн во око на СДСМ и на Левица и дека постојано се занимаваат со нив и ги напаѓаат, последен пат преку лидерот Максим Димитриевски за наводен криминал со ЛИДЛ, Бендевска беше децидна:
„ЛИДЛ Македонија за порталот МКД. мк соопшти, цитирам:
-" Се водиме од меѓународните стандарди и работиме во целосна согласност со локалното законодавство и прописи. Како резултат на внимателно планирана инвестиција и транспарентен процес, ние сме присутни во Северна Македонија речиси пет години, цврсто поставувајќи ги темелите за нашата оперативност на пазарот. \
Досега, нашата компанија има инвестирано повеќе од 300 милиони евра во земјата и има обезбедено стабилно и одговорно вработување за над 300 вработени.
Во врска со вашиот интерес за нашата соработка со градоначалникот на Куманово и општината, можеме да кажеме дека во изминатите години работевме со низа актери и имавме исклучителна соработка со институциите на централно и локално ниво, на кои им се заблагодаруваме за нивната професионалност и партнерство. Ова ја вклучува и Општина Куманово“.
Бендевска додаде дека СДСМ со лагите што ги пласира нема да успее да го задржи и онака малубројното членство и треба да се соочат со реалноста.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата