logo
logo
logo

СТРУГА ВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ МЕРКОЛЕНД: Менди Ќира објави независна кандидатура за градоначалник

Vecer | 21.06.2025

СТРУГА ВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ МЕРКОЛЕНД: Менди Ќира објави независна кандидатура за градоначалник

Менди Ќира влегува во трката за градоначалник ма Струга како независен кандидат со поддршка од стопанството и граѓаните.

Ќира, познат бизнисмен и претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија, официјално ја објави својата независна кандидатура за градоначалник на општина Струга.

Неговата одлука доаѓа како одговор на барањата од бизнис заедницата и широк круг граѓани и заинтересирани групи од Струга, кои во Ќура гледаат доверлива личност со висок интегритет и докажано искуство во економскиот развој и успешно менаџирање.

Во време кога Струга има потреба од јасна визија, стратешки инвестиции и ефикасно водство, Менди Ќира се наметнува како сериозна алтернатива за промени и одржлив развој на општината со ретки природни убавини и голем економски потенцијал.

Кандидатурата на Ќира денеска доби и силна поддршка од Форумот за економска соработка на Албанците, организација која ги застапува интересите на економското поврзување меѓу Албанците во регионот и дијаспората.

„Струга има потреба од работа, не од зборови. Потребни се инвестиции, а не празни ветувања. Подготвен сум моето искуство да го ставам во служба на мојот град,“ изјави Ќира.

Вакви истакнати личности како Менди Ќира ги претставуваат вредностите на трудот, успехот и посветеноста кон општото добро.

Извор: 3shi.net

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk