logo
logo
logo

Во Свети Николе од 26 малолетници, 14 биле пијани по 24.00 часот

Vecer | 01.12.2025

Во Свети Николе од 26 малолетници, 14 биле пијани по 24.00 часот

На 30.11.2025 во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Свети Николе, во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат и Центар за социјални работи, извршија контрола во угостителски објект во Свети Николе.

При контролата, во угостителскиот објект се затекнати 26 малолетни лица после 24:00 часот, од кои 14 беа под дејство на алкохол.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави против одговорните лица.

Воедно, од другите ангажирани инспекциски служби утврдени се низа прекршоци за кои ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk