logo
logo
logo

ВРЕДИ: ДУИ го претвори патриотизмот во покритие за корупцијата и своите кланови

Vecer | 24.09.2025

ВРЕДИ: ДУИ го претвори патриотизмот во покритие за корупцијата и своите кланови

Соопштение на коалицијата ВРЕДИ:

„ДУИ го претвори патриотизмот во покритие за корупцијата и своите кланови. Кога Албанците од Липково пиеја вода полна со арсен, тендерите се броеја во џебовите на оние кои беа блиски со власта. Кога граѓаните очекуваа инвестиции и развој, нивната моќ се трансформираше во пазарење и злоупотреба.

Денес, нивната реторика се користи како декор за да се прикрие срамот. Но, светот веќе ги знае. Артан Груби е срамот на црната листа на САД, фатен за поткуп и корупција. Неговата десна рака, Енвер Беџети, послужи за ослободување на Мијалков и заштита на кланот. Додека Перпарим Бајрами, на чело на Државната лотарија, е синоним за валкано пазарење, делејќи тендери како плен меѓу своите политички роднини.

Ова не се клевети, туку факти документирани од нашите меѓународни партнери. Патриотизмот на ДУИ е скината завеса што повеќе не може да ги покрие нивните крадци и предавства.

Кога беа на власт, не им сметаше ниту Груевски ниту Мијалков. Денес, очајни, тие склучуваат договори со анти-ЕУ и анти-НАТО партии, само за да ја спасат својата политичка кожа. Ова е лажниот патриотизам што Албанците го гледаат веќе 20 години.

На 19 октомври, Албанците ќе ја затворат ерата на лажниот патриотизам еднаш засекогаш.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk