Петар Богојески заминува од директорската позиција во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност откако за тоа постигна договор со премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Во објавата на неговиот профил на Фејсбук Богојевски наведе дека вчера остварил средба со Мицкоски согласно на одлуката на Претседателството на неговата партија Македонски концепт.
Договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски Концепт во рамки на извршната власт, со што потврдено е дека претседателот на Македонски Концепт д-р Петар Богојески ќе раководи со друга институција.
Инаку, на средбата Богојески и Мицкоски ја потврдија добрата соработката во рамки на Коалицијата “Твоја Македонија” и дадоа позитивна оценка за досегашното функционирање на Владата.
„Прво, потврдена е добрата соработката во рамки на Коалицијата “Твоја Македонија”. Второ, дадена е позитивна оценка за досегашното функционирање на Владата на Коалицијата со назнака за дополнителен фокус во одредени подрачја од политичките приоритети. Трето, договорен е заеднички настап на следните локални избори 2025 година, при што споделено е убедување во голема победа. Четврто, договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски Концепт во рамки на извршната власт, со што потврдено е дека претседателот на Македонски Концепт д-р Петар Богојески ќе раководи со друга институција. Македонски Концепт ги достави своите сугестии за програмските приоритети на Владата за наредната година, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, информираат оттаму .
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата