logo
logo
logo

ОРЦЕ НА ТЕРЕН: Сите институции да постапат итно и безмилосно, сведочиме на ужас кој не смее да се повтори

Vecer | 13.09.2025

ОРЦЕ НА ТЕРЕН: Сите институции да постапат итно и безмилосно, сведочиме на ужас кој не смее да се повтори

Почитувани сограѓани, скопјани,

во овој момент сведочиме на ужас кој не смее да се повтори, огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани!

Од самиот почеток, заедно со моите колеги Бобан и Дејан сме на терен и даваме сѐ од себе за да го ставиме под контрола овој разбеснет оган.

Ангажиравме општествено одговорни компании кои со машинерија и песок помагаат во негово затрупување.

Со нас се и екипите на Противпожарната служба од Скопје и МВР.Се користат сите расположливи сили за ставање под контрола на оваа катастрофа!

Ова што се случува е злосторство против народот, против луѓето на Скопје.

Некој си игра со нашето трпение и здравје!

Упатувам апел до сите надлежни институции: постапете итно и безмилосно!

Скопје и неговите граѓани не смеат да се гушат во чад и отров!

Ние остануваме на терен со луѓето, сѐ додека пожарот целосно не биде изгаснат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk