logo
logo
logo

ПАРТИЈАТА ИМ СЕ РАСПАЃА, СДС се толку очајни што слават победа на сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 19.04.2026

ПАРТИЈАТА ИМ СЕ РАСПАЃА, СДС се толку очајни што слават победа на сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ

Во СДС се толку очајни што слават победа на сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во друга држава, додека нивната се распаѓа на парчиња, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека СДС и Филипче не кажаа ни збор за нивната сестринска партија од Унгарија која освои 1% од гласовите. Предвидуваме дека сличен ќе биде резултатот на СДС на следните избори доколку продолжат вака.

„Но, она што е уште поинтересно и треба Филипче да го одговори Филипче е, дали на средбата на Партиите на европски социјалисти, која деновиве се одржува во Хрватска, Филипче му кажа на својот колега од Унгарија дека цела недела ја слави победата на Маѓар и Тиса како да е портпарол на истата?

Им кажа ли Филипче на неговите сестрински партии дека е очаен, дека нема визија и програма и дека затоа ја слави победата на сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ во Унгарија, додека во Македонија тој има рејтинг рамен на статистичка грешка?

Со ваквите политики и ваквиот однос, во кој поразите се претставуваат како победи, Филипче и СДС тонат се повеќе“, наведе во изјавата Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk