Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, говорејќи за предметот што пред Уставниот суд се води за Законот за употреба на јазиците, оцени дека во јавноста неосновано се создаваат стравови и политички тензии. Тој порача дека Судот нема намера да ограничува права, туку, напротив, да придонесе тие да бидат заштитени и унапредени.
„Сакам да упатам еден апел бидејќи гледам премногу се манипулира со ова прашање.
Никој нема да го чепне албанскиот јазик. Уставниот суд постои за да помогне во уставно-загарантираните права дали се јазични, дали се соодветна правична застапеност, да бидат заштитени а не да ги укине. Тие се уставна категорија така да не ги прифаќам никако тие квалификации дека некој сака да го укине да ја намали употребата или да го загрози албанскиот јазик апсолутно се неточни“, рече Костадиновски.
Тој додаде дека одлуките на Судот, доколку бидат донесени, би имале за цел да ја олеснат практичната примена на правата, а не да ја ограничат употребата на албанскиот јазик.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата