logo
logo
logo

КОКАИН ЗАКОПАН ВО ЗЕМЈА: СВР Струмица со багери ја откопа дрогата и приведе три лица

Vecer | 12.05.2026

КОКАИН ЗАКОПАН ВО ЗЕМЈА: СВР Струмица со багери ја откопа дрогата и приведе три лица

СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против И.Ѓ.(26) од село Ново Конско, гевгелиско, П.Ч.(33) од Гевгелија и В.С.(51) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Според информациите од полицијата, пријавениот И.Ѓ. организирал набавка на кокаин и, по претходен договор со пријавениот П.Ч., го ангажирал со неговото возило да го пренесе до третопријавениот В.С..

По преземањето на кокаинот, В.С. ја сокрил дрогата така што ја закопал во земја на местото викано Топо, во атарот на струмичкото село Босилово.

По добиени оперативни сознанија и преземени службени активности, полициски службеници од СВР Струмица ја лоцирале закопаната дрога, по што со помош на работни машини таа била ископана, пронајдена и одземена од В.С.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk