АКО ОВА НЕ Е ТЕМА ЗА ОБВИНИТЕЛСТВОТО, нека седат и решаваат крстословки да им помине времето

Vecer | 05.11.2026

АКО ОВА НЕ Е ТЕМА ЗА ОБВИНИТЕЛСТВОТО, нека седат и решаваат крстословки да им помине времето
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Граѓаните да бидат спокојни, нема да дозволиме нова Еуростандард банка, АЛМАКО и ТАТ, а доколку ОЈО сериозно се занимаваше во минатото, Венко Филипче денеска немаше да шири хистерија и паника, истакна уште во своето гостување во „Колегиум“ на Алфа телевизија пратеникот Љупчо Пренџов.

-Целата оваа паника, Венко Филипче ја шири затоа што во изминативе години, наместо Кире Наумов да биди во затвор беше слободен човек и функционер, затоа ја шири Венко паниката, вели Пренџов и продолжува:

„2015 – 2016 година кога имаше техничка Влада, кога требаше да се подиогне определен кредит, тогаш СДСМ преку Кире Наумов пишуваше писма до секоја една банка, финансиска институција Меѓународен фонд во кој што му велеше дека владата ќе крахира, како сега што велат, дека пензии ќе нема, дека ќе нема пари за субвенции, како што сега велат и дека тие луѓе кои што ќе и дадат кредит во тој период, можеби тие пари нема да им бидат вратени“.

Тогашната Влада го зеде кредитот, но не по претходно договорена помала камата, благодарение на писмата на Кире Наумов со лажни вести до финансиските институции за пропаст и паника на кои што ги испраќаше до меѓународните монетарни институции Македонија поради што создаде кај нив впечаток на нестабилност и ризик кој го немаше и Македонија ја стави во ситуација да мкора дс плати 30 милиони евра повеќе камата, и за тоа никој не одговараше, вели пратеникот.

Кире Наумов
Кире Наумов

-Тогашната Влада сепак зема кредит, но го зема по многу повисока камата. Разликата помеѓу првичната договорена камата на таа Влада и реално земената камата поради писмата на Кире Наумов беше разлика од 30 милиони евра.

Писмата на Кире Наумов во фунција на техничката Влада пишувани до меѓународните финансиски институции овој народ го чинат 30 милиони евра. Дојдоа потоа на власт на начин на кој што дојдоа, и наместо тогашниот обинител Јовески, наместо да го викне и да видиме зошто тие 30 милиони сме ги платиле како народ, а тој кредит е целосно вратен, финансиран од страна на државата, тој стана директор на некоја банка во државата.

Кога во оваа држава немате соодветно обвинителство и кога немате некој во минатото казнет за слично овакво дело, тоа слично дело ќе ви се повторува, бидејќи финансиската стабилност на државата, монетарната политика, курсот на денарот и банкарскиот систем се дел од националната безбедност на Република Македонија, истакна Пренџов.

Тој вели дека обвинителите треба да се бават посериозно со тоа што се случува во Република Македонија. Да се бавеа сериозно со Кире Наумов, сега немаше да ја имаме оваа паника која што ни ја прави Венко Филипче, тоа е првата работа.

-Живееме во држава каде што важат закони, ако не ги почитуваме, како некој кој што се претставува како лидер на опозиција, претендира да биде премиер и ги злоупотребува законите како неговиот претходник од Струмица и притоа никој не ко казнува како држава, бидејќи од нашите даноци како што јавните функционери и јавните обвинители земаат плата јавна плата.

Кога тој не го санкционира тоа, ви се јавува за мигранти, ви се јавува за водата, хистерија за 300 работи, на крај за банкарскиот систем каде што преку полувистини, фабрикувани работи и преку сцени од други држави се шири хистерија помеѓу македонскиот народ и се нарушува финансискиот монетарен и банкарски кредибилитет на оваа држава, изјави Пренџов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk