logo
logo
logo

ТРУЕЊЕ Е ПРИЧИНА ЗА СМРТТА НА МАЈКАТА И БЕБЕТО во Слатино според првичните сознанија, вели МВР

Vecer | 09.10.2024

ТРУЕЊЕ Е ПРИЧИНА ЗА СМРТТА НА МАЈКАТА И БЕБЕТО во Слатино според првичните сознанија, вели МВР

Првичните сознанија од обдукцијата упатуваат на труење како веројатна причина за смрта на мајката и детето во тетовско Слатино.

Министерството за внатрешни работи заедно со Основното јавно обвинителство Тетово преземаат мерки и активности за расчистување на настанот во тетовското село Слатино каде вчера беа проанајдени починати мајка и дете.

Првичните сознанија од наредената обдукција, соопштија денеска од МВР, упатуваат на труење како веројатна причина за смрт на лицата, па од починатите се земени примероци за дополнителни токсиколошки анализи со цел да се утврди причината за труењето.

- Кај починатите не се пронајдени други траги на насилство. Исто така, по наредба на јавен обвинител ќе бидат земени примероци од крв и урина и од останатите членови на семејството - татко и уште едно дете, со цел да се провери евентуално присуство на токсини и кај нив. Се преземаат и други мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk