logo
logo
logo

ЗАПАЛЕН „РЕНЏ РОВЕРОТ“ НА КУРТО ДУДУШ

Vecer | 17.03.2026

ЗАПАЛЕН „РЕНЏ РОВЕРОТ“ НА КУРТО ДУДУШ

Автомобил што го користел градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, бил запален ноќеска потврдуваат од полицијата за Плусинфо.

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен околу 03:50 часот, кога било констатирано дека опожарено е патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата сопруга Фатима Османовска

„На 17.03.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.О.(37) од Скопје. Според пријавеното, сопствениците на безбедносните камери забележале едно маскирано лице кое истурило течност на возилото, по што веднаш се запалило возилото. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk