Ова не се нови барања од Бугарија. Македонската јавност, македонските граѓани мора да знаат дека ова се барања кои постојат од 2022-ра година, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.
-Јас разбирам дека некој има потреба да манипулира затоа што потпишал капитулација, затоа што бил политички неуспешен, затоа што бил национално исплакнат, бил обременет со криминал и корупција и бил подготвен бел лист хартија да потпише, да прифати се. Тоа е вистината. Македонските граѓани мора да знаат дека не се само промена на Уставот и дел од бугарската заедница во преамбулата. Тоа е само почеток, ја отвораме Пандорината кутија. Следи акцискиот план, работата на историската комисија, протоколот 2, таму има 15-тина нови барања, рече Мицкоски.
Посочи дека тоа го прифатила претходната Влада.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата