logo
logo
logo

Пред да се навредат обвинителите на Заев како Ленче, ТРЕБА ЛИ КРИВИЧНО ДА ОДГОВАРААТ ЗА КРАЖБА НА ПАРИ ПРЕКУ СЈО

Vecer | 31.03.2026

Пред да се навредат обвинителите на Заев како Ленче, ТРЕБА ЛИ КРИВИЧНО ДА ОДГОВАРААТ ЗА КРАЖБА НА ПАРИ ПРЕКУ СЈО

Пред да се навредат обвинителите на Зоран Заев на чело со Гаврил Бубевски, Ленче Ристоска, Лиле Стефанова и останатите платеници за политички прогон, што е најавено одземање на предметите на кои работат, а никако да сработат на страна на правдата цели 10 години, нека си го стават прстот на чело и нека си ги постават следните прашања, прашува ВМРО-ДПМНЕ откако денеска новиот Јавен обвинител Савески најави дека ќе ги одземе овласувањата на голем број обвинителства и обвинители.

1. Дали не треба кривично да одговараат што крадеа народни пари од СЈО без мера за да вршат политички прогон и хајка?

2. Дали заборавија на изјавите и сведочењата на нивната колешка Лејла Кадриу за тоа дека екс премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска оделе во СЈО навечер и лично селектирале предмети кои треба да бидат обработувани согласно нивните политички мотиви?

3. Дали заборавија дека на чело на оваа политички инструирана и скапо платена багра која ја закопа правдата и амнестираше милионски криминали на Заев, стоеше осудената за рекет Катица Јанева?

Ленче Ристоска исто како и сите гореспоменати беа дел од истиот апарат кој ја погребуваше правдата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk