logo
logo
logo

НЕМА ОТСТАПУВАЊЕ ОД МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ, ниту милиметар, рече Мицкоски

Vecer | 04.05.2026

НЕМА ОТСТАПУВАЊЕ ОД МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ, ниту милиметар, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата ќе остане доследна на заштитата на македонскиот корен и идентитет како клучна црвена линија во преговорите со Бугарија.

По повод 123-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев, тој истакна дека е недозволиво во 21 век сè уште да се негира идентитетот на македонските великани и да се отвораат прашања со корени во средниот век, наместо да се гради заедничка иднина.

Мицкоски изрази скептицизам дека формирањето стабилна влада во Софија ќе го промени официјалниот бугарски наратив, посочувајќи дека проблемот делумно лежи и во домашните структури кои се подготвени на попустливост.

„Ако ме прашате лично мислење, не очекувам воопшто да се промени атмосферата. Напротив, очекувам истата таа да се вжешти затоа што сè уште има структури и политички и општествени кај нас дома, коишто се подготвени да коленичат пред бугарските власти и да бидат мекото ткиво на македонската надворешна политика. Сè додека има такви структури и сили, јас не очекувам промена на односот на нашиот источен сосед“, рече Мицкоски.

Сепак, тој нагласи дека Владата останува отворена за дијалог заснован на цврсти аргументи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk