logo
logo
logo

Д-р Даниловски: Не прифаќам да ме предложат во Комисија за заразни болести затоа што не функционира автономно и нема ингеренции

Vecer | 18.01.2022

Д-р Даниловски: Не прифаќам да ме предложат во Комисија за заразни болести затоа што не функционира автономно и нема ингеренции

По написите за предлогот на ЛДП да д-р Даниловски и д-р Пановски влезат во Комисијата за заразни болести се огласи Даниловски кој вели дека никој никогаш од ЛДП не разговарал со него дека планирале да го предложат во Комисијата за заразни болести, ниту побарал негова согласност.

- Тоа е доволен индикатор дека С.М. од Нова ТВ не ја зборува вистината. Дури и ако претпоставиме дека навистина од ЛДП имале намера да ме предложат, јавно изјавувам дека: Не прифаќам било чиј предлог за членување во Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Овој мој став се темели на свесноста дека Комисијата за заразни болести никогаш не може автономно да функционира, колку и да се трудат членовите така да биде, вели тој.

Даниловски појаснува дека тоа е затоа што таа претставува само советодавно тело на Министерот за здравство, таа нема ингеренции да носи извршни одлуки, туку само заклучоци, кои му ги предлага на Министерот.

- Тој може, ама не мора, да ги прифати. Крајната одлука е само негова и би требало да биде извршна.  Арно ама, ниту неговите одлуки во тек на пандемијава не се извршни. Треба да поминат на Кризен штаб при Владата – евентуално да се модифицираат (влијание на политика!) - и дури потоа формално да се прифатат од Владата.  Во таков амбиент, за мене е неприфатливо да ја жртвувам својата автономија. Останувам со автономен, независен статус како досега – член на универзитетската заедница – и продолжувам да функционирам волонтерски во врска со сѐ што значи стручна помош секому што ќе ми се обрати: Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство – но, пред сѐ, граѓаните, пишува д-р Даниловски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk