logo
logo
logo

Д-р Беќаровски: Најдобра заштита од ковид-19 која сами можете да ја направите е да го намалите обемот на струкот

Vecer | 26.04.2021

Д-р Беќаровски: Најдобра заштита од ковид-19 која сами можете да ја направите е да го намалите обемот на струкот

Професорот и доктор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски на неговиот Фејсбук-профил порачува дека најдобра заштита од Ковид-19 која сами можеме да ја направиме е да го намалиме обемот на струкот.

Пред една недела Ве замолив да не влегувате во ЦИНКоманија. Еве и научна потврда. Најголем ефект сепак имаат пробиотиците јас би додал само природни !!! Витаминските суплементи, Д витаминот, Омега-3, ако воопшто имаат улога во превенцијата и исходот од Ковид-19, ИМААТ САМО КАЈ ЖЕНСКИОТ ПОЛ.

Почитувани претставници на појакиот пол, најдобра заштита која Вие можете самите да ја направите, за да намалите еден значаен ризик фактор за развој на тежок облик на Ковид-19, Е ДА ГО НАМАЛИТЕ ОБЕМОТ НА ВАШИОТ СТРУК <105 цм.

За дамите <80 цм.

А тоа што државата мора веднаш да го обезбеди, веќе го знаат и децата, вакцина за секого.

Пред една недела Ве замолив да не влегувате во ЦИНКоманија. Еве и научна потврда. Најголем ефект сепак имаат...

Posted by Bekjarovski Niko on Sunday, April 25, 2021

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk