„Победата“ на Венко Филипче против самиот себе на внатрепартиските избори во СДСМ е далеку од причина за славје. Иако од партијата се пофалија дека го дуплирал бројот на гласови од околу 9.000 на 18.000, реалноста е дека партијата е во пад. Поделбите кои траат веќе подолг период вчера се потврдија на дело.
Како за почеток и на минатите избори кога имаа 4 кандидати, а и на сегашните бројката на пријавено членство е горе-долу иста, околу 23.000. Оттаму партијата која еден период се фалеше со членство од 80.000 нема сега за што да се фали. Кога Филипче доби 9.000 гласови, беа 4 кандидати, сега кога доби 18.000 беше еден, само тој. Тоа не може во голема мера да биде причина за некаква си победа.
Понатаму, Зоран Заев кога победи беше избран со околу 60.000 гласа, а Димитар Ковачевски 38.000.
Венко Филипче со 18.000 не е ни половина од тоа на Димитар Ковачевски, а повеќе од три пати е послаб од поддршката која ја имаше Заев.
Ова го покажува падот во СДСМ и нивното членство кое не само што се разочара од политиките на партијата која го доби и најголемиот изборен пораз, туку и е показател дека членството не верува во Венко Филипче.
Дури и бројката на оние кои се пријавија да гласаат 23.000 е далеку помала од гласовите кои ги доби Ковачевски, 38.000.
Така што, консолидацијата со која се фалат, во реалноста не постои. Очигледно дека Филипче и луѓето околу него се уште се затворени во балонот и не ја гледаат реалноста и што се случува околу нив или пак, не сакаат да признаат, а одењето со глава во ѕид не носи никогаш ништо добро.
Друга споредба која укажува на падот во СДСМ е дека оваа бројка на Филипче е 10% од гласовите кои СДСМ ги имаше на последните парламентарни избори.
Со право тука се отвора прашањето дали Венко Филипче има легитимитет да ја води СДСМ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата