logo
logo
logo

Четириесеттина лица земале плата од Општина Бутел а не се појавувале на работа

Vecer | 02.11.2021

Четириесеттина лица земале плата од Општина Бутел а не се појавувале на работа

По првичните анализи на работата на претходникот откриено е дека 40-ина луѓе биле вработени во општината и добивале плата, иако не доаѓале на работа, рече во вторникот вечерта новиот градоначланик на скопската Општина Бутел, Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ кој во вторникот вечерта гостуваше во дебатната емисјата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Костовски, кој уште во првиот изборен круг на 17-ти октовмри убедливо го победи претходникот на градоначалничката позиција Велимир Смилевски од СДСМ, истакна дека имало и обид за прикривање на овие вработувања. Во овие, како што ги нарече фиктивни вработувања, имало и луѓе ангажирани за одржување на хигиена по договор на дело, од кои некои не доаѓале на работа, но имало и 20-ина вработени во администрација на општината, а договорот им истекувал во ноември.

Костовски најави дека се прави и анализа на проектите во општината за да се провери дали се изведени правилно или со злоупотреби.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk