logo
logo
logo

ЧЕКАЈТЕ МАКЕДОНЦИ, први одат Украинците

Vecer | 02.09.2023

ЧЕКАЈТЕ МАКЕДОНЦИ, први одат Украинците

Европската унија не може да си дозволи да му даде приоритет на членството на Украина, игнорирајќи ги другите долгогодишни кандидатури како оние од Западен Балкан.

На ова во петокот предупреди австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг.

-Блокот мора внимателно да ја разгледа својата политика за проширување, рече Шаленберг во гостувањето во подкастот Politico EU Confidential, иако тој верува дека Украина и соседна Молдавија припаѓаат на „европското семејство“.

„Не можеме да ја имаме Украина на брзата лента, а другите земји во лентата за застанување. Тоа би било геостратешка катастрофа“, рече шефот на австриската дипломатија.

Осврнувајќи се на дистопискиот роман на Џорџ Орвел „Животинска фарма“, Шаленберг истакна дека ЕУ треба да избегнува систем каде што некои земји се „поеднакви од другите“.

Австрискиот министер истакна дека ЕУ пред околу 20 години им вети членство на земјите од Западен Балкан, но тоа ветување не го исполни.

Тој го повика Брисел да се држи до своите ветувања и да се откаже од „бинарното размислување“ за членството, сугерирајќи дека на земјите кандидати треба да им се дозволи одредено учество во размислувањата и активностите на ЕУ.

Фото: Профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk