logo
logo
logo

Со инвестиција од 6 милиони евра, почна изградбата на фабрика „Чагатај Кабло“

Vecer | 12.07.2025

Со инвестиција од 6 милиони евра, почна изградбата на фабрика „Чагатај Кабло“

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано работи на привлекување на нови странски инвестиции. Инвестицискиот процес продолжува и со камен темелникот на „Чагатај кабло“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија станува земја на можности каде инвеститорите имаат доверба и партнер во владата.

Во Технолошко индустриската развојна зона Скопје започна изградбата на нова фабрика на турската компанија „Чагатај кабло“. Инвестицијата е вредна 6 милиони евра, објектот е со површина од 10 илјади метри квадратни и се планираат 200 нови вработувања.

Чагатај Кабло произведува жици и кабли за автомобилската индустрија и снабдува водечки производители на автобуси, трактори, камиони, градежни машини.

Инвестиции се доказ дека економијата се стабилизира и расте. Инвестициите го зајакнуваат економскиот раст.

Македонија станува атрактивна дестинација за домашни и странски инвеститори. Новите инвестиции создаваат нови работни и го поттикнуваат технолошкиот напредок и извозот“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи во насока на поддршка на бизнисот и подобрување на деловната клима со цел државата да се позиционира како конкурентна економија во регионот, додаваат од партијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk