logo
logo
logo

Притисоци околу извештајот за Македонија во Европскиот парламент од бугарска страна

Vecer | 19.06.2025

Притисоци околу извештајот за Македонија во Европскиот парламент од бугарска страна

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски објави дека бугарската влада и европратеници во последниот период вршат интензивен притисок со цел да се спречи усвојувањето на Извештајот за Македонија во Европскиот парламент. Притоа, според нивниот став, евентуалното донесување на извештајот би водело до зголемено руско влијание врз бугарската влада.

Деновиве добивам информации за жестоки политички притисоци од бугарските европратеници и влада дека ако се изгласа овој Извештај, тоа би можело да ги радикализира проруските струи против актуелната проевропска бугарска влада.

истакна премиерот Мицкоски

Мицкоски посочи дека за македонската влада е задоволително што се разобличуваат причините и тактиките од Софија кои се обидуваат да постават рамки за идентитетот и јазикот на македонската нација.

Европратениците кои се спротивставија на амандманите во Извештајот, каде се истакнува македонскиот идентитет и јазик, му порачаа на Мицкоски да ги преиспита своите постапки и односи кон Бугарија и Европскиот парламент.

Неговите барања за признавање на многувековен идентитет и култура на Северна Македонија не соодветствуваат со реалната содржина, бидејќи во предлог-извештајот не фигурира терминот ‘многувековна’. Тоа е лична интерпретација на Мицкоски, која поттикнува Европскиот парламент да реагира и да нема нејаснотии во толкувањето.

нагласи Никола Минчев, европратеник од Бугарија

Со слична реакција се јави и неговиот колега Кристијан Вигенин.

Во Извештајот не се споменува многувековен идентитет, а уште не е ни усвоен. Овие постојани интервенции на Мицкоски во работата на Европскиот парламент не се добредојдени. Ќе почекаме да видиме како ќе реагираат надлежните органи во Парламентот, но неговиот пристап е без преседан. Некои предлог-амандмани за кои разговаравме сè уште формално не се поднесени, но Мицкоски веќе вместо нас ги најавува нивното повлекување, што нема да се случи.

истакна Кристијан Вигенин, бугарски европратеник

Во почетокот на јуни, Комитетот за надворешни работи го одложи гласањето за овој Извештај за да им овозможи на европратениците, најмногу од десничарските групи, да ги ажурираат своите лоби-регистри.

Во нацрт-Извештајот, низ неколку амандмани, се бара Македонија да ги спроведе уставните промени и целосно да се почитуваат македонскиот идентитет и јазик, што провоцираше бурни ставања од бугарските европратеници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk