logo
logo
logo

Нова евакуација на македонски државјани од Израел – семејство го напушта Тел Авив

Vecer | 23.06.2025

Нова евакуација на македонски државјани од Израел – семејство го напушта Тел Авив

Утре од Тел Авив ќе биде евакуирано уште едно македонско семејство — мајка заедно со своите три деца, информираат од Министерството за надворешни работи. За нив е обезбедено место преку организиран лет координиран од израелските власти, а летот ќе се одвива на релација Тел Авив – Атина. Министерството уште еднаш апелира сите македонски граѓани да избегнуваат патувања во државите од Блискиот Исток, каде што безбедносната ситуација и понатаму е многу несигурна.

Со оваа евакуација, но и со онаа што се спроведе претходно преку владин авион на 17 јуни, до денес (23 јуни) вкупно 25 македонски државјани изразиле желба да ја напуштат државата Израел. Сепак, не сите биле подготвени тоа да го сторат веднаш, па се очекува и во наредните денови нови евакуации на македонски граѓани.

Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Тел Авив останува во постојан контакт со македонските државјани и е целосно на располагање до нивната успешна евакуација.

Граѓаните можат да добијат информации и помош преку следните телефони:

СОС броеви:
+389 75 273 732
+389 75 268 736

Амбасада во Тел Авив (дежурни телефони):
+972 54 500 8566
+972 54 967 054

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk