Светот е во фаза на темелни промени, како во време на ренесансата и хуманизмот во 14-ти и 15-ти век кога почнала да се употребува печатницата па Библијата можел да ја чита секој, а не само свештениците да им раскажуваат на неписмените верници свои верзии на вистината и традицијата. Кога зборот на Господ им се доближил на обичните луѓе, не бил веќе привилегија на одбраните.
Тогаш престанува да постои една вистина, онаа која ја кажува црквата, и теророт врз сите што мислат и гледаат поинаку. Диктатурата на црквата завршува. Причините и смислата на животот се враќаат како право во рацете на луѓето.
Кој ја знае историјата, процесите и причините за темелни историски промени, ќе ги разбере и овие што сега се случуваат, и ќе им го види правецот. Ќе се прилагоди.
Еден век подоцна со печатниците на располагање за народот, доаѓаат реформите. Тогаш Германецот, професорот Мартин Лутер, решил да се откаже од власта во Ватикан поради корупција на папите кои за пари издавале лиценца за простување на гревовите и, настанал протестантизмот. Како што сега за пари се добива ослободување од судовите. Корупцијата и диктатурата се главни причини за големите промени, отсекогаш, па и сега.
Корупцијата, алчноста на банкарите и диктатурата врз работниците без никакви права го донела комунизмот, роден во Германија, наметнат на сила во Русија. Од барање права создал диктатура.
Што им претходи на сегашните промени во светот кои, за среќа, ги гледаме само по порталите а овојпат не се пука и кај нас, и не гледаме војска и тенкови по улиците. Им претходат и двете: и диктатура и корупција.
Три века Западот врши присила над сите кои не се дел од неговата култура и цивилизација. Се поробуваат цели континенти во Азија, Африка па и Јужна Америка. Се грабаат туѓи природни и културни богатства, се користи бесплатна работна сила, од робови до наемници. Западот се богати, во секоја смисла, создава силни војски и економии со кои насилно владее врз останатите.
Сите знаеме за злосторствата на Хитлер низ Европа, или Сталин во Советскиот сојуз. Но, под тепих стои фактот за белгискиот крал Леополд (1835-1909), владетел и сопственик на државата Конго во Африка, негов личен бизнис проект. Од неговиот проект во Конго под присилна работа, глад и убиства има десет милиони жртви. Отприлика, двојно повеќе од чистките на Сталин во СССР, половина од европските жртви на Хитлер, или колку што Чешка или Унгарија имаат жители.
И да не одиме во други детали, сега е време кога Западот ги плаќа сметките за своите гревови, особено последниот – дехуманизација и диктатура на радикалните либерали, симболично презентирани низ соросоидите, кои за последниве четири децении под форма на пароли и празни фрази за слобода и човекови права без покритие за тоа формираа систем, мрежа, преку која богатите банкари и нафташи како некогаш црквата со мисионерите, создаваат мрежа на “невладини“ организации и медиуми во светот за диктатура врз јавното мислење, одземање на моќта и власта од институциите и давање на таа моќ на неформални “невладини“ мрежи.
Тие создаваа политика во која треба секој да се откаже од верата, семејството, од традицијата и нацијата и да им се покори и предаде на нивната идеологија. Перверзен систем на наметнати “вредности“ во општествата, власт и систем наметнат од улица за кој никој не гласал, а секој е принуден да го следи. Ако не се покори, јавно е обележан, масакриран и процесуиран.
Идеологија на која никој не смее да и се противи или да ја стави на тест на избори. Како црковната инквизицијата во средниот век, или како империјализмот и колонизацијата потоа, како тврдиот комунизам. “Либерален“ прогон дури и за за изречен збор, сатанизација ако некој се сомнева во нив, забрани за став на за социјалните мрежи... И тоа функционираше, се до сега.
Зошто ова треба да се знае, или, ако се знае, да се потсети. За да се разберат сегашните процеси, затоа. Светот се дели, картите на маса се растурија и со новото делење ќе има нови адути за секого на масата. И Македонија мора да ја знае големата слика за да го одбере и заработи своето мало место на асталот. А одлуките за тој процес ги носи власта, со корекции одовде, од јавноста.
Со власта на Заев и ДУИ ние ја загубивме самостојноста, државноста, правниот систем, економијата и идентитетот. А со тоа и местото на масата каде што се делат идните права и обврски во Европа. Со Заев ние бевме колонија која извршува нарачки, а за возврат кланот Заеви и ДУИ добиваа амнестија за корупцијата. Тоа е бизнис политиката на таа мафија.
Сега се враќаме на местото кое од нив беше продадаено. Сега повторно сме третирани како држава, како партнер. Мал партнер, согласно големината и богатството на државата но, партнер. Страна која се прашува за нејзините потреби, и која има право да се бори за свои интереси.
Го видовме тоа враќање од инаугурацијата на Трамп и наваму, од американскиот однос кон бугарското вето, од нивните интереси за инвестиции тука, од поддршката за борба против корупција, од американската изолација на ДУИ и кланот на Заеви кои без нивната дипломатска поддршка се соголена банда.
Го гледаме деновиве и со потпишување на договор за стратешка соработка со Велика Британија. Малку држави во светот имаат таков договор со нив. А тоа е пар екселанс, јавно, признавање и на државноста, и на авторитетот на ова власт во светот, доверба во потенцијалот на владата и, секако, поддршка за во иднина.
Светот е во војна, војна на цивилизации, а Македонија очигледно останува на Западната страна и треба, час поскоро, да се избори за свое место на тој простор. За респект, поддршка и партнерство. Па, има ли побрз и посигурен пат до таму од договорите за партнерство со главните играчи, САД и Велика Британија?
Тие договори се ќар, бенефит, за секој од нас, за обичните граѓани. Од добивање безбедносна сигурност што на нас ни е од животна важност како најмала држава во соседството под постојана етничка и политичка агресија од Косово. Тоа ни е препорака за старнски инветститори за кои безбедноста и политичката стабилност се клучни фактори заедно со инфраструктурата, правниот систем и степенот на образование на потенцијалните работници во нивните инвестиции.
Кланот на Зеави, пред се неговите “невладини“ соросоиди се шокираа од договорот за партнерство со Британија и, стандардно за нив, одма испукаа спин, превара, дека Британија за шесте милијарди евра од договорот ќе ни испорача азиланти. Испукаа колку за да се намали ефектот, да се фрли народ во дилема и страв за да се поништат позитивните впечатоци кои, заслужено, се до ниво на еуфорија.
Како и секогаш, соросоидите лажат. Спинуваат и муваат без факти, без доказ. Неписмени, како што ги дал Господ, а гласни како што ги платил Сорос, повторно со смут сакаат да свртат внимнаие кон себе и да заработат нови грантови од газдата.
Во светот што е во војна, што се дели, има планови за идните десет-дваесет години. Германците решија добар дел од цивилната индустрија да пренаменат во воена индустрија, не затоа што стварно има опасност Русија да ги нападне туку затоа што Кинезите им ја уриваат авто индустријата и се бара алтернатива за тие погони, за тие машини и за нивните работници.
Германија има силна милитантна историја, култ и склоност кон оружје и војни, па со бомбардирањето на Југославија и, особено, со војната во Украина им ги симнаа забраните за развој на војската и воената индустрија. Таа шанса Германија не ја пропушта. Што на крајот милитаризацијата на Германија ќе донесе, ќе видиме.
НАТО има план за идна можна војна од Истокот. По тој план над 900 милијарди евра треба да се инвестираат во инфраструктура: железници, аеродроми, мостови, автопатишта во правец од Мадрид, Париз, Берлин, до Украина, и се што следи за движење, транспорт и индустриски потреби на армиите во случај на идна голема војна во Европа предвидувана за после 2030-та година.
Инвестициите од Британија не се за бегалски кампови, тие вредат 10-15 милиони евра, преку сила за масовни потреби до 50 милиони евра. Европа, на Турција, за да задржи 3 милиони бегалци и плати помалку од милијарда евра, иако Турците бараа три. Значи, нема збор за прием на бегалци.
Британија со догвоор, со државен потпис, најавува инвестиции од околу 6 милијарди евра во Македонија и тоа, напишано во договорот, со прецизна намена: инфраструктура, енергетика, индустрија... Тоа повлекува голем број нови работни места, нови мотиви за наменско високо образование, зголемување на плати и гарантирана безбедност, намалување на корупција како заштита за нивните интереси... Тоа е тоа.
Македонија го добива договорот токму сега откако е следено и констатирано дека оваа власт има капацитет, има поголем економски раст од Европската Унија во моментов, и дека не е подложна на корупција како кланот на Заеви и ДУИ.
Тоа е дел од економските и безбедносни подготовки за заштита од војна, и ефикасност ако дојде до војна во Европа. Тоа е дел од коридорот Југ, правец од пристаништето Атина, Скопје, а потоа Софија и Букурешт до руската граница. Објавен е планот, во него го има и Белград и се работи на тоа, а заради тензиите на Србија со Германија и Брисел околу Косово за Србија е задолжен Трамп и неговиот син. План и за потиснување на кинеските инвестиции и влијание на Балканот.
Се вративме на масата каде што се договара иднината на Европа. Првата добивка е што повторно, по седум години сме таму. Вториот успех е милијардата од Унгарија која директно заврши во општински инвестиции и поддршка на фабриките. Третата е договорот со Британија од 6 милијарди евра, а оваа власт тукушто почна со работа. Незнам кога, и дали, Македонија ќе стане членка на ЕУ но знам, и гледам, дека е повторно на европската маса и дека веќе има партнери за работа.
Уште да се среди правосудството, тврдината која ја изградија СДСМ и ДУИ за сопствена заштита, и можеме да очекуваме уште добри вести. А се работи на тоа.
Д.П. Латас
(17 мај 2025)
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата