logo
logo
logo

На веб-страницата на Собранието

ОБЈАВЕН ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ДОГОВОРОТ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО

Vecer | 27.05.2025

ОБЈАВЕН ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ДОГОВОРОТ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО

Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Македонија и Обединетото Кралство e објавен на веб-страницата на македонското Собрание. Целосниот текст може да се погледне на следниот линк.

За ова информираше Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

Тој вели дека секој детал ќе биде транспарентен за јавноста во врска со, како што вели, историскиот договор.

„Само што пристигна во Собранието – Предлог на законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерството за реализација на инфраструктурните проекти. Ништо нема да биде скриено до јавноста и секој детал ќе биде јавно објавен и транспарентен, објави на својот Фејсбук профил Мицевски.

Дел од Договорот меѓу Македонија и Обединетото Кралство
Дел од Договорот меѓу Македонија и Обединетото Кралство

Ова, посочува тој, е историска работа за нашата држава.

„Заедно со граѓаните се обврзавме на обнова на Македонија и тоа го правиме секој ден. Тие се нашиот партнер! Железница, студентски дом, болници, хидроцентрали и многу нови проекти. После стратешкиот договор со Обединетите Американски Држави – ова е уште еден огромен успех за Република Македонија“.

Анекс А од Договорот меѓу Македонија и Обединетото Кралство
Анекс А од Договорот меѓу Македонија и Обединетото Кралство

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk