logo
logo
logo

Пеколно жешко е, а ќе биде и понатаму, ТУРИСТИТЕ ОДБИРААТ ПЛАНИНИ И ЕЗЕРА НАМЕСТО МОРЕ

Vecer | 17.08.2025

Пеколно жешко е, а ќе биде и понатаму, ТУРИСТИТЕ ОДБИРААТ ПЛАНИНИ И ЕЗЕРА НАМЕСТО МОРЕ

Македонија, по долги години застој, годинава бележи повеќе туристи. Дури 400.000 луѓе решиле одмор или викенд да поминат во Македонија. Од Охрид до Берово, од Маврово до Дојран... а особено е битно дека се зголемува бројот на странски туристи.

Местата за одмор се повеќе се далеку од жештините кои ова лето се поизразени, имаме три брана од по десетина дена со температури од 38 или 40 степени Целзијусови и тоа е тренд во Европа, не само кај нас.

Но, Македонците се уште одат на море за време на својот одмор, ако имаат пари за тоа. Најпосетувана е Грција, кадешто одат над 45% од македонските туристи а лани, по сите основи и низ цела година, Грција бележи околу милион посети на граѓаните од Македонија.

Следат низа години со жештини како оваа и граѓаните низ Европа се повеќе одбираат планини, езера, средени бањи и спа центри, етно села... мирни места со пониски температури за својот годишен одмор одбегнувајќи го морето заради што годинава Хрватска, Италија, Шпанија... бележат намален број гости.

Тоа е факт кој во Македонија треба да се препознае и понудата да се пришири за таков вид и побарување во туризмот.

Додека јужна Европа се справува со невидени топлотни бранови – големи пожари, здравствени предупредувања и затворање на атракции – патниците сè повеќе се насочуваат кон постудени клими. Резултатот: преориентација на европските туристички текови кон дестинации кои нудат и удобност и спокојство. Или, со други зборови – се случува климатски поттикнато пренасочување на туризмот.

И други фактори како појава на се поопасни шумски пожари и еколошката нестабилност во јужните жаришта поттикнуваат масовно барање побезбедни, постудени алтернативи.

Неодамнешниот извештај на Телеграф истакнува како „амбулантните возила се во приправност во одморалиштата, се поставуваат климатски засолништа, а на постарите лица им се советува да останат во затворен простор“ додека температурите се зголемуваат низ жариштата како Севиља (42 °C), Рим (38 °C), Атина (37 °C) и Мадрид (37 °C).

Во Шпанија, во Ел Гранадо, Андалузија, се забележани неверојатни 46 °C.

Ваквите екстремни временски прилики веќе ги принудуваат агенциите за организирање одмори и самите патници да преиспитаат кога и каде да патуваат.

Фајненшл тајмс неодамна извести за зголемување од 9% на бројот на туристите кои ги менуваат датумите или дестинациите, при што тур-операторите почнаа да ги продолжуваат сезоните, со поран старт во пролет и подоцно завршување наесен, а дестинациите како нордиските и балтичките земји се’ повеќе добиваат на популарност .

Овие дестинации нудат одржливи, удобни и честопати културно богати алтернативи, прераспределувајќи ги економските можности подалеку од областите погодени од топлина.

Студиите на ЕУ предвидуваат зголемена побарувачка за туризам во северна и централна Европа, дури и кога јужните земји како Шпанија, Грција и Италија може да доживеат пад поради трендовите на затоплување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk