logo
logo
logo

АХМЕТИ, ФИЛИПЧЕ И КОВАЧЕВСКИ КОРИСТАТ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ОД МВР

Vecer | 24.04.2026

АХМЕТИ, ФИЛИПЧЕ И КОВАЧЕВСКИ КОРИСТАТ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ОД МВР

Пратениците Али Ахмети, Венко Филипче и Димитар Ковачевски користат државно обезбедување од МВР. Овој одговор го добил лидерот на Левица, Димитар Апасиев на пратеничко прашање поставено до претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Според одговорот на претседателот на Собранието за пратениците Ахмети, Филипче и Ковачевски определени се мерки и активности за обезбедување од страна на МВР врз основа на одредбите од Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување („Службен весник на Република Македонија“ бр.56/14 и 161/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.267/19 и 244/23).

„Ова ли е таа контролирана опозиција, во буквална смисла? Испаѓа дека само јас немам државни телохранители“ – коментира Апасиев во објавата на одговорот на неговото пратеничко прашање на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk