logo
logo
logo

Дали затворањето на Ормуцкиот теснец би ја кренало енормно цената на нафтата?

Vecer | 18.06.2025

Дали затворањето на Ормуцкиот теснец би ја кренало енормно цената на нафтата?

Во случај да биде блокиран познатиот Ормуцки теснец, преку кој поминува дури 75% од светската трговија со нафта, цената на овој енергенс би можела да достигне и до 400 долари за барел. Овој драматичен скок на цената лесно би донел до глобална економска криза, раст на инфлацијата и значајно зголемување на трошоците во производството, предупредуваат економски експерти.

Постои сериозна опасност од дополнително поскапување на нафтата, бидејќи само за неколку дена по нападот на Израел врз Иран таа веќе е зголемена за околу 5%. Наместо да се смируваат тензиите, реториката постојано се засилува со изрази како „безусловна капитулација“, „борба до крај“ и „победа“. Поради оваа нестабилност, многу компании се воздржуваат од поголеми инвестиции во изминатата и оваа година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk