logo
logo
logo

Тешка сообраќајна несреќа: Загина жена, тројца повредени, меѓу нив и 6 годишно дете

Vecer | 21.01.2026

Тешка сообраќајна несреќа: Загина жена, тројца повредени, меѓу нив и 6 годишно дете

На 20.01.2026 во 14:41 часот во СВР Битола е пријавено дека на локален пат за с. Русјаци, општина Македонски Брод, патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.С.С.(41) од Кичево, излетало од коловозот и се превртело.

‒ Од здобиените повреди, на местото на несреќата починала 41-годишната К.С.С.. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на почината е дадено на обдукција. Со телесни повреди се здобиле сопатниците С.С.(69), М.С.(62) и шестгодишно дете, сите од Кичево, констатирани во Општа болница Прилеп, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk