logo
logo
logo

ЕВРОИНТЕГРАЦИЈАТА НЕ Е ДИКТАТ, ТУКУ ДИЈАЛОГ, среде игра во 2019 ЕУ ни ги смени правилата со новата методологија за проширување

Vecer | 29.10.2025

ЕВРОИНТЕГРАЦИЈАТА НЕ Е ДИКТАТ, ТУКУ ДИЈАЛОГ, среде игра во 2019 ЕУ ни ги смени правилата со новата методологија за проширување

Суштинска е важноста на регионалната соработка, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Парискиот мировен форум, на сесијата за европската перспектива на Балканот.

Таа повика на разбирање и дијалог, потенцирајќи дека евроинтеграцијата не може да биде диктат, туку е дијалог.

– Регионалната соработка за мене е неверојатно важна. Не може да избегаме од регионот, тој ни е судбина, ова важи не само за нас кои сè уште чекаме да станеме кандидати или да ги завршат некои држави преговорите со ЕУ, но и за оние коишто веќе се во ЕУ, а припаѓаат на нашиот регион – изјави таа по завршувањето на сесијата.

На сесијата таа говореше за безбедносната состојба во Европа, поради која „не смееме да бидеме оставени во геополитички вакуум“ и го реафирмираше ставот дека проширувањето на Унијата е безбедносно, а не само прашање на проширување.

– Она што е чудно е што во 2019 година беа сменети правилата на играта среде игра, што е невообичаено ни за спортски натпревари, ниту пак во политички преговори, бидејќи беше воведена нова методологија – рече Сиљановска Давкова.

Според неа од интерес за регионалната стабилност, регионалната демократија, но и за Европската Унија е, да гледа на регионот како на систем на врзани садови и да направи храбар чекор како оној во 2004 година, односно да покаже иновативност во креирањето на конечни решенија за т.н. Западен Балкан, како неразделен дел од Европа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk