logo
logo
logo

“НИЕ ЧУДА НЕ ВЕТУВАМЕ А ТОЈ ШТО ВЕТУВА...“

Vecer | 09.06.2026

“НИЕ ЧУДА НЕ ВЕТУВАМЕ А ТОЈ ШТО ВЕТУВА...“

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека како Влада работат темелно и посветено на остварување на целите што ги имаат зацртано во насока на развој на државата и на процесот на нејзина евроинтеграција. Имаат, вели, план и стратегија, на чие остварување работат, без да ветуваат чуда, туку да ги постават работите на здрава основа.

– Ние работиме темелно, посветено, чесно и напорно. Резултатите полека доаѓаат. Тоа што е наша стратегија за реализирање на овие цели, полека се случува. Се разбира дека јавно нема многу да зборувам за деталите. Како човек очекувам да имаме добрососедски односи со сите со сите соседи.

Како претседател на Влада ќе сторам сè што е во наша моќ, прво да го заштитам интересот на граѓаните, да го заштитам идентитетот и интересот на на државата. И второ, нормално, да градиме добрососедски односи со сите наши соседи на основа на принципот на двонасочна улица. Затоа што затоа што за секоја работа во животот треба најмалку двајца, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање што може да се очекува од најавените утрешни средби на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот Тимчо Муцински со бугарската претседателка Илијана Јотова.

​Не знам која би била евентуалната содржина на средбите, вели премиерот, но, нагласува, Владата има план и стратегија и работи на нивно исполнување.

– Ние чуда никогаш не сме ветиле. Затоа што ние не сме чудотворци. И секој којшто ветува чуда лаже, не ја говори вистината пред граѓаните. ​

Ние само ветувавме напорна работа, тоа што и го правиме. Јас знам дека можеби има некои очекувања за некои работи да се случуваат побргу, но ова што денеска го зборувам, го зборував и во кампањата за изборите во 2024 година и ќе го зборувам и понатаму, бидејќи мора работите да се постават на здрава основа за да генерациите после нас да немаат главоболки какви што ние имаме, изјави Мицкоски во одговор на новинарски прашања по поставување на камен-темелник на училиште во Ѓорче Петров.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk