logo
logo
logo

МАКЕДОНИЈА СЕ УСОГЛАСУВА СО ЕУ: Пристигнува новиот Закон за кибер-безбедност

Vecer | 28.04.2026

МАКЕДОНИЈА СЕ УСОГЛАСУВА СО ЕУ: Пристигнува новиот Закон за кибер-безбедност

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на бизнис-конференцијата во организација на „Македонски Телеком“ порача дека кибербезбедноста веќе не е само технички проблем, туку прашање од државен интерес. Тој најави дека новиот Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, усогласен со европската NIS2-директива, ќе воспостави ред во досегашната фрагментирана заштита на институциите.

Според Андоновски, во ера на целосна дигитализација, секој напад врз инфраструктурата може да има верижна реакција врз целата економија, поради што градењето на отпорен систем е примарен фокус на министерството.

„Во услови на целосна дигитализација на услугите, секој киберинцидент има потенцијал да се пренесе во целиот систем. Затоа отпорноста станува основа на дигиталната трансформација“, истакна Андоновски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk