logo
logo
logo

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ГЕНТЕРМ ОД 40 МИЛИОНИ ЕВРА И 300 НОВИ ВРАБОТУВАЊА - Македонија ќе стане регионален хаб за Европа (ВИДЕО)

Vecer | 03.07.2025

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ГЕНТЕРМ ОД 40 МИЛИОНИ ЕВРА И 300 НОВИ ВРАБОТУВАЊА - Македонија ќе стане регионален хаб за Европа (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски заедно до директорот на ТИРЗ Прилеп Гоце Димовски на прес конференција соопштија за нова инвестиција во Македонија.

Станува збор за инвестиција во вредност од 0 милиони евра во американската компнаија Гентерм, која веќе работи во технолошко-индустриската зона Прилеп.

Се занимава со производство на високо-технолошки производи. 

"Со особено задоволство ја објавувам новата инвестиција на Gentherm – глобален лидер во автомобилската индустрија, кој покрај веќе постоечката во Прилеп започнува со својот план за процесот на проширување на своето производство токму овде – во нашата земја.

Gentherm со овој нов инвестициски циклус се потврдува она што сите го чувствуваме – дека Македонија станува сигурна дестинација за долгорочни, стратешки и технолошки напредни инвестиции.

Инвестицијата согласно деловниот план на компанијата изнесува 40 милиони евра со 300 нови вработувања и станува збор за високоинтегрирани системи за автомобилската индустрија – со нова технолошка опрема, автоматизирани линии и современо производство. Ова значително ќе го зголеми извозот и ова е високо технолошко производство кое докажува дека сме конкурентни и на тој пазар.

Со тоа, Македонија ќе стане регионален хаб на Gentherm за Европа, посочи премиерот Мицкоски.

Го поставуваме моделот во кој инвестициите се движечка сила на македонската економија, посочи премиерот.

„Ова не е само уште една инвестиција. Ова е двигател на нашата економија.

Со вакви проекти расте индустриското производство, се отвораат нови работни места, се зголемува извозот, а со тоа – расте и довербата во нашата економија, расте вредноста на македонското знаење, умеење и труд.

Веќе гледаме резултати. Минатата година ја завршивме со рекордно највисоко ниво на странски директни инвестиции – над 1 милијарда и 255 милиони евра. Никогаш досега во историјата на независна Македонија немало ваков прилив на капитал.

Во првите месеци од оваа година, индустриското производство порасна за 9,4% – тоа не се зборови, туку реални бројки, резултат на довербата што инвеститорите ја имаат во новиот амбиент.

И свесен сум дека ќе треба уште еден извесен период ова да се почуствува и во реалната економска моќ на граѓаните но правиме се тоа да биде што побрзо и тој пореиод да биде што пократок.

И тука морам да подвлечам – ова е суштинска разлика од минатото. Во време кога владите трошеа енергија на корупција, на непотизам и на лажни ветувања, ние градиме реално.

Ние отвораме фабрики. Ние носиме инвеститори. Ние отвораме иднина.

Се бориме за секој инвеститор – домашен и странски. За секоја нова хала, секое ново работно место, секој денар инвестиран овде. Затоа што знаеме – економијата не се води со пароли, туку со проекти, со партнерства и со сигурни институции.

Ги поставуваме темелите на нов економски модел – модел во кој инвестициите се движечка сила, а македонскиот човек – срцето на развојот.

Gentherm е уште еден доказ дека доаѓа времето на Македонија.

Доказ дека ги градиме темелите на промените – за вашето време кое доаѓа,“ посочи Мицкоски.

Американскиот Гентерм официјално ја отвори својата фабрика, инвестиција во вредност од 20 милиони евра, во Технолошко-индустриската развојна зона Прилеп во 2016 година. 

Гентерм е глобална, иновативна компанија –лидер во областа на термални технологии. Креира, развива и произведува уреди за греење, ладењеи вентилација за клиенти од целиот свет.

Компанијата е препознатлива по вложувањето иновации, надградба и подобрување на термалната технологија на новорастечките пазари, а нејзините производи се користат најмногу во автомобилската индустрија.

Гентерм е глобален лидер во иновативни технологии за термичко управување на широка палета на производи за греење и ладење во автомобилската индустрија.

Новата фабрика на американската компанија Гентерм ќе произведува делови за автомобилската индустрија за потребите на европскиот маркет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk