logo
logo
logo

НАМЕСТО ВО ШУТКА, ОСТАНУВА ДОМА - куќен притвор за возачот кој усмрти пешак и побегна

Vecer | 05.07.2025

НАМЕСТО ВО ШУТКА, ОСТАНУВА ДОМА - куќен притвор за возачот кој усмрти пешак и побегна

Наместо ефективен притвор, возачот на мотоциклот „Кавасаки“ кој усмрти пешак и побегна без да му укаже помош, ќе го чека епилогот од истрагата во удобноста на својот дом, дознава „Скопје1“. Судија на претходна постапка, од Кривичниот суд, не ја уважи предлог-мерката на обвинителката која бараше ефективен притвор, односно возачот кој беше во бегство, да биде спроведен во затворот во Шутка.

Засега не се познати деталите од решението, односно, зошто судијата се решил лице кое беше во бегство, да го остави во куќен притвор. Од Обвинителството посочуваат дека жалбата за ваквата мерка е веќе дадена и се чека одлуката на Кривичниот совет. Обвинителката инсистира на мерка ефективен притвор.

Инаку, трагедијата се случи на скопскиот Кеј, на пешачка патека. Возачот на мотоциклот немал ниту дозвола. Жртвата, скопјанецот Југо (Југослав Николовски), излегол да фрли отпад, а бил усмртен под прозорецот на неговиот стан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk