logo
logo
logo

Канал 5: Коцевски, еве ви праќам не глас, туку урлик, дали ќе допре до Вас барем овојпат?

Vecer | 09.10.2025

Канал 5: Коцевски, еве ви праќам не глас, туку урлик, дали ќе допре до Вас барем овојпат?

Во македонскиот јавен простор, читајте социјални мрежи, веќе подолг период пристоен број на биолошки ентитети, меѓу народот подобро познати како створови, пласираат сериозно тоскичен и вепонизирачки наратив. А вие во ОЈО ширите громогласна тишина. 

Иако нашите колеги од Канал 5 и многу други медиуми и медиумски здруженија постојано го нагласуваат зголемениот број на ксенофобични наративи како и сериозни закани кон нас медиумските работници, иако ОЈО требаше одамна да постапи по допрени не гласови, туку урлици, иако ОЈО ноншалантно си ги отфрла многуте наши барања процесуирање на разни дијаболични ликови кои се претставуваат и како политичари и како сточари кои одгледуваат кози или пак ликови како овој на фоткава, кој своевремено бил некаква новинарска ведета а денес не е ниту „адвокат на ѓаволот“, туку почнувам да верувам дека е една од неговите „манифестации“.

Можете и можеме да не го сакаме Мицкоски, да не ни се допаѓа неговата фризура или едноставно да не го „вариме“ неговиот сарказам или напади кон политичките му опоненти, можеме да не веруваме дека има проблеми со колената и сè друго кое секому од нас ни е несимпатично кај сегашниот Премиер … но:

Господине Коцевски, досега Ве следи другарката Фортуна, но да ми верувате, ако случајно ви дојде на гости Марфи, а тој никогаш не доаѓа сам туку се неколку членови од семејството негово, тогаш сите, ама сите во државава ќе имаме огромен проблем!

Да посакувате и со тоа јавно да повикувате некој од нашите сограѓани да биде измасакриран на парчиња и потоа ставен во куфер – тоа не може никако да се разбере како граѓански револт, ниту како личен суд или реакција, а најмалку да се мимикрира со некаква атрофија на когнитивниот му систем, нешто што пријателите на овој биолошки ентитет кој се манифестира како Тричковски, го користат за неговото писание изминативе години.

Ако денес Вие го толерирате ова мефистофилско комуницирање со јавноста на овој створ, тогаш утре нашите следни македонски генерации ќе живеат со ова … знаете на што алудирам нели?

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk