logo
logo
logo

Едниот од осомничените и жртвите се малолетници

Двајца тетовчани силувале, снимале и присилувале две девојчиња

Vecer | 03.07.2025

Двајца тетовчани силувале, снимале и присилувале две девојчиња

Двe млади лица од Тетово, едниот на возраст од 18 години, а другиот малолетен, се уапсени од страна на полицијата по пријава за повеќекратна сексуална злоупотреба на две малолетни девојчиња, ќерки на 37-годишна жена од Тетово.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лишувањето од слобода било извршено на 2 јули 2025 година, во 15:30 часот во селото Горно Седларце и во 22:55 часот во Тетово, од страна на СВР Тетово и Полициското одделение Камењане.

Според наводите од пријавата, двајцата осомничени во неколку наврати извршиле обљуба врз двете девојчиња, а дополнително снимале дел од чинот со мобилен телефон. Особено шокантен е делот од пријавата кој открива дека едното од девојчињата било присилувано да има сексуален однос и со други лица, под притисок на осомничените.

Од МВР потврдуваат дека јавен обвинител бил веднаш известен, а по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави против двајцата сторители.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk