logo
logo
logo

Кршачот на стакло на бугарската амбасада, неофицијално, не е Македонец?

Vecer | 13.01.2026

Кршачот на стакло на бугарската амбасада, неофицијално, не е Македонец?

Лицето кое во соопштението на Министерството за внатрешни работи е идентификувано со иницијали Ш.А. и на возраст од 54 години, кое вчера со камен го скрши стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје, неофицијално, не е од македонска националност.

Тоа, сепак, не ја ублажи жестоката реакција од бугарска страна, од кадешто настанот се означува како „резултат на целно создаван наратив“, според амбасадорот Желјаско Радуков, а според Министерството за надворешни работи на Бугарија е „резултат на систематскиот недостиг од реакција на надлежните институции“.

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски го осуди инцидентот кој, според него е изолиран настан, без огромна материјална штета.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk